Powered By Blogger

Always Fresh

Livesport ги нуди секогаш најсвежите и најдобрите спортски информации до вас

Thursday, March 25, 2010

Пелистер-Победа 1-0 Ренова-Тетекс 1-0

Сиромашно со голови беше ова последно коло од втората фаза каде на четири натпревари беа постигнати само три голови. Први во водство дојдоа битолчани кога во 9та минута Марјан Алтипармаковски нафрли, а по лошата интервенција на одбраната на Победа, на таа топка налета Јован Стефановиќ и постигна гол. По овој погодок домаќините се повлекоа и не сакаа да го ризикуваат своето водство, а прилепчани не успеаја да организираат посериозна закана кон противничкиот гол по што натпреварот заврши со единствениот погодок од првото полувреме.
И полошкото дерби го одлучи само еден гол, на кој тетовчани чекаа 59 минути кога Исмаил Исмаили ја доведе екипата на Ренова во водство. За екипата на Тетекс опасен кон противничкиот гол беше новиот напаѓач од Гамбија, Мустафа Камал Н’Дав, но лидерот на табелата успешно се одбрани и го контролираше резултатот, со што го зголеми водството на табелата на осум поени над второпласираниот Работнички.
Вардар извојува многу важна победа на гостувањето кај ривалот за опстанок Хоризонт во Турново. Домаќините имаа повеќе од поседот на топката и креираа неколку шанси, а Чурлинов и Митрев ја погодуваа и пречката, но во 76та минута стигна казната кога по нафрлувањето на Симовски, Иван Настевски постигна гол кој значеше освојување на три поени и доближување на само два поени од сигурната зона.
Единствениот натпревар кој заврши без погодок беше оној во Куманово каде реновираниот Милано го пречека Металург. Во еден интересен натпревар со неколку шанси на двете страни, посебно при крајот на натпреварот, Милано и Металург ремизираа и ги поделија поените.
Пелистер - Победа 1:0 (1:0)
9’ Јован Стефановиќ
Ренова - Тетекс 1:0 (0:0)
59’ Исмаил Исмаили
Хоризонт Турново - Вардар 0:1 (0:0)
76’ Иван Настевски
Милано - Металург 0:0 (0:0) 
По завршувањето на 22 коло се формираше нов распоред за последните 11 кола, а веќе во следното коло се среќаваат:
Ренова – Победа
Работнички – Тетекс
Металург – Хоризонт Т.
Пелистер – Вардар
Силекс – Милано