Powered By Blogger

Always Fresh

Livesport ги нуди секогаш најсвежите и најдобрите спортски информации до вас

Tuesday, March 23, 2010

Нејмар во Реал Мадрид!!!!!!


Играчот на Сантос важи за еден од најголемите таленти на бразилскиот фудбал и веќе го привлече вниманието на гигантите ширум Европа.

Се верува дека клубовите од Премиер Лигата, како што се Челзи и Манчестер Сити се подговени да одвојат мало богатство за да стигнат до услугите на ’новиот Пеле’.

Исто така шпекулациите говореа дека Манчестер Сити се обидувал да добие право први да го ангажираат Нејмар, кога во јануари со Сантос ја договорија позајмицата на Робињо.

Но за медиумите од Бразил, агентот на играчот, Вагнер Рибеиро вели дека иднината на напаѓачот лежи во Реал Мадрид.

“Неговата иднина е со Реал Мадрид.” – рече Рибеиро за Estadao.

Сепак Сантос во моментов не сака да слушне за продажба на совјот голем талент, кој неодамна го обнови својот договор до 2014 во кој има откупна клаузула од околу 35 милиони евра.

Откако Нејмар го обнови договорот од неговата сопственост 40% доби Grupo DIS додека пак 60% од сопственоста останаа во рацете на Сантос.

No comments:

Post a Comment