Powered By Blogger

Always Fresh

Livesport ги нуди секогаш најсвежите и најдобрите спортски информации до вас

Monday, April 12, 2010

Отиде титулата


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон вели дека после ремито со Блекбурн, шансите за титулата се сведени на минимум и Челзи сега има огромна шанса да ја освои Премиер лигата.
Ова е фантастичен резултат за Челзи. Тие имаат натпревар на домашен терен со Болтон во вторник и се очекува да го добијат тој дуел.“
“Со тоа титулата полека станува недостижна. Заостануваме поен зад Челзи, а тие имаат шанса да ситгнат до +4. Тоа ќе биде огромна предност.“
“Сега на ред ни иде Манчестер Сити, тоа е дерби дуел и тоа ќе биде сосема поинаков меч од сите други. Едвај чекаме на овој натпревар.“
Денес фудбалерите навистина дадоа максимум од себе. Бевме малку несреќни заради повредата на Рио Фердинанд на 10 минути пред крајот. Тогаш останавме со 10 играчи.“
“Доминиравме со поседот на топката, но тоа не беше доволно, мора да ги искористите шансите кои ги создавате. Блекбурн мислам и дека немаа некоја посериозна закана.“ - рече Фергусон.

Раниери е убеден во неговата екипа


Тренерот на Рома, Клаудио Раниери изјави дека сега се ќе зависи од нив, тие сами си ја одлучуваат својата судбина и ќе мора со голема пожртвуваност да стигнат до титулата.
Интер има многу важен натпревар во петок со Јувентус и тоа им е шансата да не престигнат повторно. Од другстрана пак нас не чека градското дерби со Лацио.“
“Има уште пет средби до крајот на сезоната и мора да играме со голема пожртвуваност. Тоа ќе бидат пет многу тешки дуели. Мора да одиме еден по еден. Претходно се зависеше од другите сега ние одлучуваме за се.“ - рече на крај Раниери.
По стартните два пораза во сезоната и по поднесувањето на оставка на Спалети, неговата замена на клупата Раниери е најзаслужниот зhttp://thetactician.files.wordpress.com/2009/03/claudioranieriitv.jpgа оваа одлична форма на Рома.