Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон вели дека после ремито со Блекбурн, шансите за титулата се сведени на минимум и Челзи сега има огромна шанса да ја освои Премиер лигата.
“Ова е фантастичен резултат за Челзи. Тие имаат натпревар на домашен терен со Болтон во вторник и се очекува да го добијат тој дуел.“
“Со тоа титулата полека станува недостижна. Заостануваме поен зад Челзи, а тие имаат шанса да ситгнат до +4. Тоа ќе биде огромна предност.“
“Сега на ред ни иде Манчестер Сити, тоа е дерби дуел и тоа ќе биде сосема поинаков меч од сите други. Едвај чекаме на овој натпревар.“
“Денес фудбалерите навистина дадоа максимум од себе. Бевме малку несреќни заради повредата на Рио Фердинанд на 10 минути пред крајот. Тогаш останавме со 10 играчи.“
“Доминиравме со поседот на топката, но тоа не беше доволно, мора да ги искористите шансите кои ги создавате. Блекбурн мислам и дека немаа некоја посериозна закана.“ - рече Фергусон.
No comments:
Post a Comment