
По ремито на Интер на Сицилија кај Палермо, екипата на Милан можеше по долго време да го превзеде лидерското место во Серија А.
Но Росоњерите одиграа само 1-1 со Наполи и разликата од еден бод помеѓу нив и Нероаѕурите на врвот на табелата остана.
Актуелниот шампион на Италија во моментов се наоѓа во најошата серија од сезоната 2004/05 па наваму но Моруњо не е загрижен премногу поради тоа.
Според италијанските медиуми, Португалецот на утринскиот тренинг на своите играчи им испратил порака дека Росоњерите во иднина нема да добијат шанса да го превземат врвот.
“Тие пропуштија голема шанса и сега повеќе нема да можат да не престигнат.” – Corriere dello Sport го цитира Мурињо.
Интер нема победа на последните три натпревари во Серија А, со што дозволија Милан и Рома сериозно да се вклучат во трката за Скудетото.
Претходно Масимо Морати и Жулио Цесар велеа дека тие не се загрижени поради лошите резултати и веруваат во своите квалитети и одбраната на титулата.
Избраниците на Мурињо во среда го пречекуваат фенерџијата Ливорно а три дена подоцна гостуваат на Олимпико кај Рома, дуел што може да биде одлучувачки во битката за Скудетото.
No comments:
Post a Comment