
Ова е една од најлошите сезони на Јувентус во неговата историја тоа е факт,но доколку се бара виновник не може да се обвинат само играчите или пак тренерот Закерони(предходно Ферара),овај проблем започна уште од 2006 со скандалот за местени натпревари во кој беше замешан претседателот на Јувентус Моџи.Јувентус беше преселен еден ранк подолу во Сериа Б и половоната од стандарните фудбалери се "разбегаа " а останаа само неколку играчи како Дел пиеро,Каморанези,Трезеге,Недвед но тие беа во поизминати години.Екипата мораше да се оформува одново со млади фудбалери од младинскиот погон Џовинко,Кијелини,Де Челе,Маркизио, кои денес станаат стандардни првотимци во Јувентус.
Ваков "десеткуван " Јувентус брзо и фуриозно се прошета низ втората лига без оглед на тоа што почнаа со минус бодовно салдо.
Следната причина е лошиот избор на фудбалери во изминативе трансферски периоди со купувањето на играчи како Мелберг,Салихамович,Фелипе Мело,Гросо кои наместо да му дадат сигурност и стабилност на тимот тие уште повеќе ја размрдааа веќе размрданата палуба на Јувентус.Диего кој беше еден од најголемите трансфери ова лето излезе сепак како едно да го наречам промашување на Ферара иако Диего оваа сезона е доста добар и стабилен во тимот.Веќе управата на Јуве бара замена за него и се спомнуваат имиња како Лампард,Рибери.
Сепак Јувентус ако сака повторно да се врати на врвот на Европскиот фудбал ќе мора да поработи на средниот ред како и да се ослободи од слабата и веќе во поодминати години одбрана на чело со Григера,Зебина,Гросо и да земи некој млад одбрамбрен фудбалер кои ке му биди партнер на Кијелини.
No comments:
Post a Comment