По синоќешниот пораз на Олд Трафорд од Манчестер Јунајтед, Ливерпул е се подалеку од местото кое води во квалификациите од Лигата на Шампионите.
Иако останатите три тима Тотенхем, Манчестер Сити и Астон Вила се во поповолна ситуација, Карагер сеуште верува во четвртото место.
"Потребно е само да се рехабилитираме од ова колку што е можно побрзо и да влеземе во серија од победи" - вели Карагер.
"Игравме против голема екипи и бевме блиску. Навистина е разочарувачки поразот, бидејќи немаше многу разлика помеѓу двете екипи".
"Сепак ова беше најтешкиот натпревар за нас до крајот на сезоната".
"Ние сеуште веруваме дека можеме да дојдеме до четвртото место. Останатите екипи имаат тежок распоред и ќе им бидат потребни сите бодови".
"Можеби сега притисокот е поголем за нас. Работите се потешки но има уште доста до крајот" - заврши Карагер.
Анализи ЛШ - четвртфинале вторник
15 years ago
No comments:
Post a Comment