Powered By Blogger

Always Fresh

Livesport ги нуди секогаш најсвежите и најдобрите спортски информации до вас

Monday, March 22, 2010

Реал Мадрид фуриозен

Реал Мадрид во првиот дел се мачеше да го скрши отпорот на Спортинг Хихон, домаќините не успеваа да дојдат во водство.
Се чини дека требаше гостите да постигнат гол за Реал Мадрид да се разбуди.

Во 53та минута Барал со силен шут го совлада Касиљас за водство на гостите од 1-0.

Радоста на Спортинг траеше само две минути бидејќи Рафаел ван дер Варт постигна гол за израмнување на 1-1.

Веќе во 57та минута Реал Мадрид прави комплетен пресврт, Чаби Алонсо погоди со глава за водство на Кралевите од 2-1.

Конечните 3-1 беа дело на Гонзало Игуаин во 68та минута од натпреварот.

No comments:

Post a Comment