Powered By Blogger

Always Fresh

Livesport ги нуди секогаш најсвежите и најдобрите спортски информации до вас

Monday, April 12, 2010

Отиде титулата


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон вели дека после ремито со Блекбурн, шансите за титулата се сведени на минимум и Челзи сега има огромна шанса да ја освои Премиер лигата.
Ова е фантастичен резултат за Челзи. Тие имаат натпревар на домашен терен со Болтон во вторник и се очекува да го добијат тој дуел.“
“Со тоа титулата полека станува недостижна. Заостануваме поен зад Челзи, а тие имаат шанса да ситгнат до +4. Тоа ќе биде огромна предност.“
“Сега на ред ни иде Манчестер Сити, тоа е дерби дуел и тоа ќе биде сосема поинаков меч од сите други. Едвај чекаме на овој натпревар.“
Денес фудбалерите навистина дадоа максимум од себе. Бевме малку несреќни заради повредата на Рио Фердинанд на 10 минути пред крајот. Тогаш останавме со 10 играчи.“
“Доминиравме со поседот на топката, но тоа не беше доволно, мора да ги искористите шансите кои ги создавате. Блекбурн мислам и дека немаа некоја посериозна закана.“ - рече Фергусон.

Раниери е убеден во неговата екипа


Тренерот на Рома, Клаудио Раниери изјави дека сега се ќе зависи од нив, тие сами си ја одлучуваат својата судбина и ќе мора со голема пожртвуваност да стигнат до титулата.
Интер има многу важен натпревар во петок со Јувентус и тоа им е шансата да не престигнат повторно. Од другстрана пак нас не чека градското дерби со Лацио.“
“Има уште пет средби до крајот на сезоната и мора да играме со голема пожртвуваност. Тоа ќе бидат пет многу тешки дуели. Мора да одиме еден по еден. Претходно се зависеше од другите сега ние одлучуваме за се.“ - рече на крај Раниери.
По стартните два пораза во сезоната и по поднесувањето на оставка на Спалети, неговата замена на клупата Раниери е најзаслужниот зhttp://thetactician.files.wordpress.com/2009/03/claudioranieriitv.jpgа оваа одлична форма на Рома.

Thursday, March 25, 2010

Пелистер-Победа 1-0 Ренова-Тетекс 1-0

Сиромашно со голови беше ова последно коло од втората фаза каде на четири натпревари беа постигнати само три голови. Први во водство дојдоа битолчани кога во 9та минута Марјан Алтипармаковски нафрли, а по лошата интервенција на одбраната на Победа, на таа топка налета Јован Стефановиќ и постигна гол. По овој погодок домаќините се повлекоа и не сакаа да го ризикуваат своето водство, а прилепчани не успеаја да организираат посериозна закана кон противничкиот гол по што натпреварот заврши со единствениот погодок од првото полувреме.
И полошкото дерби го одлучи само еден гол, на кој тетовчани чекаа 59 минути кога Исмаил Исмаили ја доведе екипата на Ренова во водство. За екипата на Тетекс опасен кон противничкиот гол беше новиот напаѓач од Гамбија, Мустафа Камал Н’Дав, но лидерот на табелата успешно се одбрани и го контролираше резултатот, со што го зголеми водството на табелата на осум поени над второпласираниот Работнички.
Вардар извојува многу важна победа на гостувањето кај ривалот за опстанок Хоризонт во Турново. Домаќините имаа повеќе од поседот на топката и креираа неколку шанси, а Чурлинов и Митрев ја погодуваа и пречката, но во 76та минута стигна казната кога по нафрлувањето на Симовски, Иван Настевски постигна гол кој значеше освојување на три поени и доближување на само два поени од сигурната зона.
Единствениот натпревар кој заврши без погодок беше оној во Куманово каде реновираниот Милано го пречека Металург. Во еден интересен натпревар со неколку шанси на двете страни, посебно при крајот на натпреварот, Милано и Металург ремизираа и ги поделија поените.
Пелистер - Победа 1:0 (1:0)
9’ Јован Стефановиќ
Ренова - Тетекс 1:0 (0:0)
59’ Исмаил Исмаили
Хоризонт Турново - Вардар 0:1 (0:0)
76’ Иван Настевски
Милано - Металург 0:0 (0:0) 
По завршувањето на 22 коло се формираше нов распоред за последните 11 кола, а веќе во следното коло се среќаваат:
Ренова – Победа
Работнички – Тетекс
Металург – Хоризонт Т.
Пелистер – Вардар
Силекс – Милано

Wednesday, March 24, 2010

10 најголеми дерби натпревари

2.Бока Јуниорс-Ривер Плата ( Ел Суперкласико)
        Ривалство базирано на социјалната класа и пари,Ривер Плата која ја сочинуваат високата класа односно богатите а од друга страна Бока со својата работничка класа.Ова е дерби уште од почетокот на 30 години кога работничката класа ги победува во фудбал богатите.
       Тензијата околу Ел Суперкласико се чуствува уште недели пред да започне дербито,ако кога ќе започне мечот атмосферата кој ја приредуваат 60 000 навивачи на трибините кога скокаат ви доаѓа да си помислите дека и трибините скокаат заедно со навивачите на Бока и Ривер.Ова дерби има долга историја на насилство а најпознато е во 1978  кога 71 навивачи во човечко стампедо а вината за тој немил настан ниедна од навивачките екипи не ја презеде.

Tuesday, March 23, 2010

10 најголеми дерби натпревари

1.Галатасарај-Фенербахче(Турција)

                                  Ова сигурно е најстрашното дерби на кое би присуствувале во вашиот живот.Ги дели само Босфор со Галатасарај на европската страна а Фенербахче на азиската страна.Навивачите на обете екипи се познати низ целиот свет по своето страсно навивање кое често пати резултира со насилство.
                                  Двете екипи има свои УЛТРАС,навивачка група составена од голем број на екстремистички навивачи(хулигани) кои би направиле се за да ја поразат противничката навивачка група во и надвор од терените.Атмосферата која ја приредуваат навивачите е неверојатна,целиот стадион е прекиен од флаери,шалови,знамиња како и пиротехнички средства.
Не е ни чудо што навивачите на Галатасарај го викаат својот стадион ПЕКОЛ.

Нејмар во Реал Мадрид!!!!!!


Играчот на Сантос важи за еден од најголемите таленти на бразилскиот фудбал и веќе го привлече вниманието на гигантите ширум Европа.

Се верува дека клубовите од Премиер Лигата, како што се Челзи и Манчестер Сити се подговени да одвојат мало богатство за да стигнат до услугите на ’новиот Пеле’.

Исто така шпекулациите говореа дека Манчестер Сити се обидувал да добие право први да го ангажираат Нејмар, кога во јануари со Сантос ја договорија позајмицата на Робињо.

Но за медиумите од Бразил, агентот на играчот, Вагнер Рибеиро вели дека иднината на напаѓачот лежи во Реал Мадрид.

“Неговата иднина е со Реал Мадрид.” – рече Рибеиро за Estadao.

Сепак Сантос во моментов не сака да слушне за продажба на совјот голем талент, кој неодамна го обнови својот договор до 2014 во кој има откупна клаузула од околу 35 милиони евра.

Откако Нејмар го обнови договорот од неговата сопственост 40% доби Grupo DIS додека пак 60% од сопственоста останаа во рацете на Сантос.

Monday, March 22, 2010

8гола за 8дена

Најдобриот фудбалер во светот Лионел Меси е во жешка форма откако постигна хет-трик иаминатиов викенд и со тоа постигна 8 гола за само 8 дена .

Мак интернационалци


Стефан Спировски во својот деби натпревар го постигна и својот прв дебитански гол за Борац од Чачак во 36мин.Самир Фазли го постигна првиот гол за Херенвен како и Душан Савиќ за неговиот Брасов.
Горан Пандев влезе од клупата за Интер а Николче Новески стандардно ги одигра сите 90 мин како и голманот Ока Николов

Иве Трифуноски се враќа!!!

Некогаш најголемиот талент на Пелистер, повторно е на терените по тешката повреда.

Иве Трифуновски (19) своевремено беше еден од најсјајните таленти кои поминале низ филтрите на фудбалските школи на ФК Пелистер. Награден како најдобар млад играч во 2007-мата според ФФМ, најдобар стрелец на голем меѓународен младински турнир во Бугарија со 7 постигнати гола од кои 3 на Левски Софија, играч кој веднаш беше препознаван од сите тренери како вистински талент. Трифуновски ја претставуваше и Македонија во младинските категории, но, за жал, се случи 13.02.2008 година и една тешка повреда на грбот го оддалечи од терените. Сега, пред околу еден месец Иве се враќа назад на фудбалот.

На двојна регистрација во Пелистер и третолигашот Кравари со уште неколку млади фудбалери од Пелистер како Иванчо Кузмановски и Даниел Станковски, Иве пополека се враќа онаму каде што припаѓа. На дуелот против Мирче Ацев напаѓачот постигна и гол во победата од 4-0 на неговиот тим. Го запрашавме Иве за неговите повторни амбиции: „Се вратив назад на фудбалот, тоа е добро. Почнувам пополека, па здравје. Се надевам се ќе биде во ред со мене, а за понатаму што ќе биде нека биде“. - скромно ни изјави тој. Жикица Тасевски, сегашен тренер на Металург, а тогашен селектор на репрезентацијата за играчи до 19 години за Трифуновски во „Македонски Спорт“ го има изјавено следното: „Напаѓач со „разорно“ дејство, извонредна техника и играње со глава, скочност, што резултира со универзална личност својствена за фудбалер кој е задолжен да дава голови“.

И покрај двете години пауза, Трифуновски воден од силната волја се врати назад на фудбалските терени. Ние му посакуваме многу среќа и повторно искачување на врвот како што беше тоа случај додека играше во младинските категории.

Лига на шампиони

Лига на Шампиони 1/4 финале

Лион - Бордо
Баерн Минхен - Манчестер Јунајтед
Арсенал - Барселона
Интер - ЦСКА Москва

Првите натпревари се играат на 30/31 март, реваншите се закажани за 6/7 април

Лига на Шампиони 1/2 финале

Баерн Минхен/Манчестер Јунајтед - Лион/Бордо
Интер/ЦСКА Москва - Арсенал/Барселона

Првите натпревари се играат на 20/21 април, реваншите се закажани за 27/28 април

Финалето од Лигата на Шампионите се игра во Мадрид на 22 мај.

Реал Мадрид фуриозен

Реал Мадрид во првиот дел се мачеше да го скрши отпорот на Спортинг Хихон, домаќините не успеваа да дојдат во водство.
Се чини дека требаше гостите да постигнат гол за Реал Мадрид да се разбуди.

Во 53та минута Барал со силен шут го совлада Касиљас за водство на гостите од 1-0.

Радоста на Спортинг траеше само две минути бидејќи Рафаел ван дер Варт постигна гол за израмнување на 1-1.

Веќе во 57та минута Реал Мадрид прави комплетен пресврт, Чаби Алонсо погоди со глава за водство на Кралевите од 2-1.

Конечните 3-1 беа дело на Гонзало Игуаин во 68та минута од натпреварот.

Карагер: Има надеж

По синоќешниот пораз на Олд Трафорд од Манчестер Јунајтед, Ливерпул е се подалеку од местото кое води во квалификациите од Лигата на Шампионите.
Иако останатите три тима Тотенхем, Манчестер Сити и Астон Вила се во поповолна ситуација, Карагер сеуште верува во четвртото место.

"Потребно е само да се рехабилитираме од ова колку што е можно побрзо и да влеземе во серија од победи" - вели Карагер.

"Игравме против голема екипи и бевме блиску. Навистина е разочарувачки поразот, бидејќи немаше многу разлика помеѓу двете екипи".

"Сепак ова беше најтешкиот натпревар за нас до крајот на сезоната".

"Ние сеуште веруваме дека можеме да дојдеме до четвртото место. Останатите екипи имаат тежок распоред и ќе им бидат потребни сите бодови".

"Можеби сега притисокот е поголем за нас. Работите се потешки но има уште доста до крајот" - заврши Карагер.

Има ли крај на ова?


Ова е една од најлошите сезони на Јувентус во неговата историја тоа е факт,но доколку се бара виновник не може да се обвинат само играчите или пак тренерот Закерони(предходно Ферара),овај проблем започна уште од 2006 со скандалот за местени натпревари во кој беше замешан претседателот на Јувентус Моџи.Јувентус беше преселен еден ранк подолу во Сериа Б и половоната од стандарните фудбалери се "разбегаа " а останаа само неколку играчи како Дел пиеро,Каморанези,Трезеге,Недвед но тие беа во поизминати години.Екипата мораше да се оформува одново со млади фудбалери од младинскиот погон Џовинко,Кијелини,Де Челе,Маркизио, кои денес станаат стандардни првотимци во Јувентус.
Ваков "десеткуван " Јувентус брзо и фуриозно се прошета низ втората лига без оглед на тоа што почнаа со минус бодовно салдо.
Следната причина е лошиот избор на фудбалери во изминативе трансферски периоди со купувањето на играчи како Мелберг,Салихамович,Фелипе Мело,Гросо кои наместо да му дадат сигурност и стабилност на тимот тие уште повеќе ја размрдааа веќе размрданата палуба на Јувентус.Диего кој беше еден од најголемите трансфери ова лето излезе сепак како едно да го наречам промашување на Ферара иако Диего оваа сезона е доста добар и стабилен во тимот.Веќе управата на Јуве бара замена за него и се спомнуваат имиња како Лампард,Рибери.
Сепак Јувентус ако сака повторно да се врати на врвот на Европскиот фудбал ќе мора да поработи на средниот ред како и да се ослободи од слабата и веќе во поодминати години одбрана на чело со Григера,Зебина,Гросо и да земи некој млад одбрамбрен фудбалер кои ке му биди партнер на Кијелини.

Мурињо:Повеќе нема попуштање


По ремито на Интер на Сицилија кај Палермо, екипата на Милан можеше по долго време да го превзеде лидерското место во Серија А.
Но Росоњерите одиграа само 1-1 со Наполи и разликата од еден бод помеѓу нив и Нероаѕурите на врвот на табелата остана.

Актуелниот шампион на Италија во моментов се наоѓа во најошата серија од сезоната 2004/05 па наваму но Моруњо не е загрижен премногу поради тоа.

Според италијанските медиуми, Португалецот на утринскиот тренинг на своите играчи им испратил порака дека Росоњерите во иднина нема да добијат шанса да го превземат врвот.

“Тие пропуштија голема шанса и сега повеќе нема да можат да не престигнат.” – Corriere dello Sport го цитира Мурињо.

Интер нема победа на последните три натпревари во Серија А, со што дозволија Милан и Рома сериозно да се вклучат во трката за Скудетото.

Претходно Масимо Морати и Жулио Цесар велеа дека тие не се загрижени поради лошите резултати и веруваат во своите квалитети и одбраната на титулата.

Избраниците на Мурињо во среда го пречекуваат фенерџијата Ливорно а три дена подоцна гостуваат на Олимпико кај Рома, дуел што може да биде одлучувачки во битката за Скудетото.